Трансферот на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд во Манчестер сити веројатно е најкорисниот трансфер на еден фудбалер ова лето. Халанд игра блескаво во Сити и во првите 10 меча постигна дури 14 погодоци, со што сруши повеќе рекорди во англискиот фудбал.
Таткото на Ерлинг, Алф Инге Халанд, кој играше во Манчестер сити, открива дека имало листа од седум клубови кои сакале да го видат неговиот син во своите редови.
„Имавме листа на клубови потенцијални за Ерлинг, а Манчестер сити беше на првото место. Баерн Минхен беше на второто место, а Реал Мадрид беше под број три. Четвртото место беше за ПСЖ, а потоа беа Ливерпул, Челзи и Барселона“, открива таткото Халанд.