Норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд, кој воодушеви со игрите и головите во Лигата на шампионите како член на Салцбург, неодамна потпиша за Борусија Дортмунд, а пред да стане фудбалска сензација, тој се обиде да плива и во музичките води.
Халанд, кој има 19 години, сезонава во сите натпреварувања постигна 16 гола на 14 меча, во ЛШ имаше осум гола на шест натпревари. Во Борусија замина за 20 милиони евра. Фудбалски е исклучително надарен, но се чини дека за музика баш и не го бива колку и да му било мерак да стане рапер.
Се појави видео на кое тогаш 16-годишниот Ерлинг рапува, но се гледа дека подобро му оди со топка отколку со микрофон. Ова е спотот и обидот на Халанд да стане пејач: