Халанд се појави во Шпанија, а новинарите го вознемирија со деликатно прашање (видео)

Екипата на Борусија Дортмунд вчера слета во Шпанија, каде што вечерва ќе се сретне со Севилја во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Секако, вниманието на себе го привлече Ерлинг Халанд, првата ѕвезда на Милионерите, кој беше опколен од страна на новинарите пред хотелот каде што беше сместена екипата од Германија, а тие го вознемируваа поставувајќи му едно исто прашање: „Дали ќе играш за Реал Мадрид?“

Халанд беше љубезен кон сите, со помладите фанови се фотографираше, додека не сакаше да одговори на прашањето и на крајот го загуби трпението и влезе во хотелот.

https://streamable.com/14uklh

- Оглас -

Најнови вести