Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, размислува да го напушти клубот доколку Граѓаните не се пласираат во следното издание на Лигата на шампионите, објави шпански „Ел Насионал“.
Според изворот, 24-годишниот Норвежанец не е спремен да игра за Сити ако тимот не е дел од европската елита. Реал Мадрид и Пари Сен Жермен се спомнуваат како најверојатни опции за Халанд, а шпанската му е многу попривлечна од француската лига, па поблиску е до Реал отколку до Светците.
Халанд има договор со клубот до 30 јуни 2034 година, а порталот „Трансфермаркт“ ја проценува пазарна вредност на 200 милиони евра.
Манчестер сити во моментов е петти во Премиер лигата, но има само еден бод повеќе од шестиот Њукасл, кој има и еден меч помалку. Како што стојат работите во моментов, Премиер лигата веројатно ќе има и пет тима во ЛШ, што е позитивна вест за Сити, кој уште е актуелен англиски првак.