Ерлинг Халанд е еден од најдобрите фудбалери на денешницата. Тој има големи успеси на клупско ниво во дресот на Манчестер сити, но кога се работи со репрезентацијата на Норвешка, уште нема причини за многу радости.
Халанд и Норвешка вечерва стартуваат во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година. Гостуваат кај Молдавија, а неколку дена подоцна ќе играат и против Израел, на неутрален терен. Халанд беше запрашан дали Израел треба да биде дел од квалификациите, а фудбалерот даде објасни дека тоа не е негова работа да го коментира.
„Ние ја имаме нашата квалификациска група и мораме да дадеме се од себе. Што се однесува до тоа кој треба да биде во таа група, нека разговараат другите. Мислам дека тоа не е нешто за кое јас како фудбалер треба да зборувам премногу. Прашајте некој друг”, рече Халанд.
Поради офанзивата на Израел во Газа, Норвешка ќе гостува на неутрален терен во Унгарија. Пред тоа гостување е дуелот против Молдавија, ривал за кој Халанд призна дека не знае ништо. Запрашан за тоа да потенцира барем еден играч од селекцијата на Молдавија кој го познава, Халанд искрено кратко одговори „Немам поим“.