Англискиот првак Манчестер сити убедливо ја совлада Спарта Прага со 5-0 на „Етихад“ во третото коло од Лигата на шампионите, а Ерлинг Халанд беше двоен стрелец.
Норвежанецот на импресивен начин го постигна својот втор погодок на овој дуел, зголемувајќи ја предноста на Граѓаните на 4-0. Тој со карате удар, завртен со грб кон голот, успеа да упати неодбранлив шут кон голот на гостинскиот голман Петер Виндал.
“F*ck it I’m Erling haaland” pic.twitter.com/yeGf3nX14f
— Jacky (@MCFC_Jacky) October 23, 2024