Ерлинг Халанд со два гола му носи водство на Манчестер сити од 2-1 по првото полувреме на гости кај Монако во најефикасното полувреме во ЛШ на мечевите кои почнаа во 21 часот.
Халанд има дури 52 гола на 50 меча во ЛШ, и тој е единствен фудбалер во историјата кој има просек поголем од еден гол по натпревар, а одиграл повеќе од три средби во елитното европско натпреварување. Ист број голови, 52, во ЛШ има и Мохамед Салах, а Египќанецот има одиграно 100 меча, двојно повеќе од Халанд.
На дербито во Барселона, резултатот е 1-1, а Каталонците испишаа нова страница во својата историја, првпат имаат низа од 45 меча по ред на кои даваат барем еден гол.
Маркус Рашфорд со асистенцијата до Феран Торес потврди дека е во форма, Англичанецот директно учествуваше во 6 од последните 11 гола на Барса. Ослабениот ПСЖ кај кој во нападот ги нема Дембеле, Дуе и Кварацхелија, сепак го најде патот до голот преку Мајулу и покажа дека нема никаква намера да се предаде.