Халанд: Среќен сум во Сити, но никогаш не знаете што ви носи иднината

Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, денеска изјави дека е среќен во редовите на европскиот и англиски шампион, но додаде и дека не знае што носи иднината.

Халанд во Манчестер сити пристигна во 2022 година од Борусија Дортмунд и има договор со Граѓаните до 2027 година. Но, дел од медиумите шпекулираат дека идното лето тој би можело да се пресели во Реал Мадрид и да формира пеколен напаѓачки тандем со Килијан Мбапе.

„Навистина сум среќен во Манчестер сити. Навистина сум задоволен и од луѓето кои се околу мене, од тренерите, од директорите, од управата. Сега ќе кажам нешто што ќе заврши на насловните страници – никогаш не се знае што може да ви донесе иднината. Ова може да го напишете, но исто така мора да го напишете и тоа што го кажав на почетокот – дека сега сум среќен во Сити“, изјави Халанд.

Тој исто така изјави дека во овие моменти е фокусиран само на настапите за Сити и не размислува за нов договор со Граѓаните со којшто би имал поголема плата.

„Фокусиран сум само на игрите и на теренот, имаме доста натпревари пред нас. Пред два дена игравме дерби против Манчестер јунајтед, сега ни следува Лигата на шампионите, а в недела играме против Ливерпул“, изјави Халанд, кој сезонава досега одига 31 натпревар за Граѓаните и даде 28 гола.

- Оглас -

Најнови вести