Ерлинг Халанд со двата гола против Словенија во победата од 2-0 стана најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата на Норвешка, иако има одиграно само 36 натпревари. Напаѓачот дојде до бројката од 34 гола и го сруши рекордот од 1937-мата година.
Сепак, после завршувањето на мечот, Халанд повторно излезе на теренот, ја стави топката под дресот и прстот во уста и симулираше бебе, што беше знак дека тој и неговата девојка ќе станат родители. Фотографијата ја сподели на социјалните мрежи и напиша „наскоро“.
„Многу сум среќен поради Ерлинг. Денес има многу причини за славје. Не се случува секој да постигнете голгетерски рекорд и татко. Дознавме за тоа на Инстаграм. Беше тоа одличен начин да се објави такво нешто, бидејќи немаше потреба да оди наоколу и да им кажува на сите“ – вели Мортен Торсби.
Сличен коментар имаше и Маркус Холмггрин Педерсен, кој за медиумите откри дека биле изненадени кога дознале од социјалните мрежи.