Халанд стана јапонски милионер откако го прогласија за играч на натпреварот против Јокохама (Фото)

Ерлинг Халанд имаше одлично отворање на сезоната и со два погодоци во второто полувреме беше еден од најзаслужните за победата на Манчестер Сити против Јокохама од 5-3. Според организаторот на мечот, тој беше прогласен за играч на натпреварот и како награда доби чек на сума од 1 милион јапонски јени.

Ова предизвика многу шеги на социјалните мрежи на негова сметка, бидејќи 1 милион јапонски јени е еднакво на 6.334 евра, а норвежанецот заработува по 460.000 евра неделно.

- Оглас -

Најнови вести