26.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Халанд стана најбрз играч во Бундеслигата

Откако се појави во германската Бундеслига, Ерлинг Халанд постави неколку рекорди со своите голови. Норвежанецот има импресивна сезона и во 23 меча во првенството, досега постигна 21 погодок. Откако е дојден во Бундеслигата одигра 38 средби и даде 34 погодоци.

На вчерашнито меч против Штутгарт, Халанд не даде гол во победата на Милионерите од 3:2, но постави еден импресивен рекорд. Норвежанецот направи спринт во кој трчаше со брзина од 36.04 километри на час. Ниту еден друг играч во Германија не трчал побрзо сезонава од Халанд.

Претходниот рекорд беше на Турам кој трчал со 35.97 км на час, а потоа следуваат двајца играчи на Баерн Минхен, Дејвис и Коман.

 

- Оглас -

Најнови вести