Халанд стигна до неверојатна 100-ка само во 81 натпревар

Ерлинг Халанд како едвај да чекаше да се вратат возбудувањата во Премиер лигата и покажа дека уште е незадржлив за противниците. Норвешкиот репрезентативец постигна два гола за Манчестер сити во победата од 3:1 на гости кај Лидс.

Со овие два погодоци, Халанд стигна до 20 гола во првите 14 средби што ги одиграл во Премиер лигата, што е апсолутен рекорд. Освен овој рекорд, Халанд поставува уште многу други неверојатни достигнувања кога се работи за погодоците.

Ако се соберат неговите погодоци и асистенции во германското и англиското првенство, тој веќе стигна до бројката 100. Халанд има неверојанти 100 погодоци и асистенции само во 81 настап во Бундеслигата и Премиер лигата. Освен 20-те гола во Англија, тој има и 62 погодока во Бундеслигата, а тука се и 18-те асистенции што ги има забележано, па на тој начин стигна до бројката од 100 погодоци во кои Халанд бил директно вмешан.

- Оглас -

Најнови вести