Халанд ужива во животот, си најде и ново забавно хоби (видео)

Ерлинг Халанд максимално ужива во слободното време по комплетираниот трансфер во Манчестер сити.

Му останаа уште неколку дена од одморот пред да се пријави за првиот тимски собир на 1 јули, па Норвежанецот го исполнува времето забавувајќи се и сите околу него. Моментално е на одмор во Марбелја, Шпанија, каде што е главна појава во дискотеките.

Соред видеото, Халанд си има ново хоби. На вчерашната забава Халанд му се приклучи на диџејот, му ја буцкаше миксетата и ја запали атмосферата.

- Оглас -

Најнови вести