Манчестер сити немаше никаков проблем и со 4:0 славеше над Саутемптон во меч од 10 коло во Премиер лигата. Граѓаните имаат одиграно девет меча и досега освоија 23 од можните 27 бодови и сега се лидери на табелата, но може да бидат престигнати од Арсенал, доколку Топчиите утре слават над Ливерпул во дербито.
Кансело и Фоден погодија во првото полувреме за 2:0 за Сити, а во вториот дел Марез зголеми на 3:0, додека четвртиот гол на домаќините беше дело на Ерлинг Халанд. Со овој погодок, Халанд стигна до 15 погодоци во Премиер лигата и тоа во само девет кола. Колку за споредба, минатата година најдобриот стрелец на Сити постигна 15 погодоци во цела сезона, а Халанд сега тоа му успеа уште во првата четвртина од првенството.
Во останатите мечеви кои се играа попладнево во Премиер лигата: Борнмут – Лестер 2:1, Челзи – Вулверхемптон 3:0 и Њукасл – Брентфорд 5:1.