Халанд во договорот со Сити имал специјална клаузула за трансфер во Реал Мадрид, но таа повеќе не важи поради Гвардиола

Норвешкиот репрезентативец Ерлинг Халанд, игра фантастично во првата сезона во Манчестер сити, се наоѓа на добар пат да собори доста рекорди, а сега англиските медиуми открија дека тој немал намера долго да се задржи на „Етихад“.

Медиумите открија дека при потписот на договорот со Манчестер сити, била вметната специјална клаузула според која Халанд можел да си замине во 2024 година доколку Реал Мадрид понуди 175 милиони евра, но таа клаузула не важи ако менаџерот Хосеп Гвардиола идното лети и понатаму седи на клупата на Граѓаните.

Бидејќи неодамна Гвардиола стави потпис на новиот договор со кој се обврза да остане до 2027 година на „Етихад“, клаузулата нема да се активира автоматски ако Кралевите платат 175 милиони евра, туку сега последниот збор ќе го има самиот фудбалер, односно тој ќе одлучи дали ќе ја прифати понудата на Реал.

Проблем на Халанд при евентуалниот трансфер во Реал Мадрид, му претставува податокот дека идното лето на „Сантијаго Бернабеу“ ќе пристигне суперталентираниот Бразилец Ендрик, кој во својот договор со Кралевите има „Анти Халанд клаузула“.

Според клаузулата, Реал Мадрид ене смее да потпише со напаѓач кој ќе му биде конкуренција на младиот Бразилец.

- Оглас -

Најнови вести