Халанд за новата сезона се подготвуваше во стилот на Силвестер Сталоне (Видео)

За разлика од голем број на фудбалски ѕвезди кои летово настапија на Европското првенство и на Копа Америка, Ерлинг Халанд, немаше обврски, но тоа не значи дека фудбалерот на Манчестер сити се одмараше. На стартот од подготовките на „граѓаните“, Халанд откри дека по наредба на неговиот татко летото го поминал трчајќи низ шумата, чепејќи дрва, но и со медитирање покрај река.

https://twitter.com/ManCity/status/1814261147643887759?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1814261147643887759%7Ctwgr%5Ee8b3496e2b013411ea421ef33ac2d0797a4a0d8e%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.klix.ba%2Fsport%2Fnogomet%2Fhaaland-pokazao-sta-je-radio-ovog-ljeta-otac-me-je-prisilio-nisam-imao-izbora%2F240720080

„Татко ми ме натера, немав избор.“ – низ смеа вели Ерлинг Халанд.

Неговиот татко, Алф-Инге Халанд, е поранешен дефанзивец на Лидс јунајтед и Манчестер сити, па веројатно сакаше да му покаже на својот син старински методи на подготовка, кои изгледаат како од филмовите на Силвестер Сталоне.

- Оглас -

Најнови вести