Халанд знае што сака по фудбалот, ќе чува крави во местото каде што ја почна кариерата

Ерлинг Халанд е еден од најбараните фудбалери на планетата, но сè уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата по прекрасните настапи за Борусија Дортмунд.

Цената му е висока и отштетата се движи меѓу 75 и 90 милиони евра, а во трка за негов ангажман се гигантите Реал Мадрид, Барселона, Јувентус и уште неколку фудбалски великани.

Но, ако сè уште не се знае каде ќе замине од таборот на популарните Милионери, Норвежанецот веќе знае што ќе прави по фудбалската кариера.

„Размислувам за мала фарма со крави во Брин, во мојата земја Норвешка. Секогаш кога доаѓам тука, се одмарам одлично. Возење трактор и чување крави е идеална работа за мене по завршување на кариерата“, изјави Халанд.

Актуелниот договор со Борусија Дортмунд му истекува во 2024 година, но според огромниот интерес на неколку гиганти, речиси сигурно е дека Халанд порано ќе си замине од таборот на Милионерите.

- Оглас -

Најнови вести