Хале ќе добие нов шампион, Чориќ сe предаде во четвртфиналето

Бoрна Чориќ нема да го брани пехарот на АТП турнирот „Хале“ откако се предаде во четрвртфиналиот дуел против Пјер-Хугес Хербер. Хрватот го загуби првиот сет со 5-7, па иако претходно му беше укажана лекарска помош тој не можеше да го продолжи мечот поради болки во грбот.

Хербер во полуфиналето ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Роџер Федерер и Роберто Баутиста-Агут кој треба да започне во овие моменти. Првата полуфинална двојка е веќе комплетирана по победите на Матео Беретини против Карен Хачанов (2-0), односно Давид Гофан против фаворитот Александер Зверев со 2-1 во сетови.

- Оглас -

Најнови вести