Кики Бертенс е тениската „принцеза“ на Мадрид за 2019 година, откако во финалето славеше со 2-0 во сетови (6-4,6-4) против Симона Халеп. Холанѓанката стана првата тенисерка во историјата на овој турнир која ја освои титулата без загубен сет. Бертенс до финалето со идентични 2-0 ги елиминираше Синиакова, Остапенко, Севастова, Квитова и Стивенс, за денес по два сета да го заврши мечот и со Халеп.
Романката иако во првиот сет водеше со 3-1, загуби три гема во низа на свој сервис по што Бертенс поведе со 1-0. Со два нови брејка Бертенс водеше сè до 5-4, а потоа ја искористи третата меч-топка за прва титула во Мадрид.
.@kikibertens captures the biggest title of her career defeating Simona Halep 6-4, 6-4!
She becomes the first player to win the @MutuaMadridOpen title without dropping a set. pic.twitter.com/i1Aznngb3D
— wta (@WTA) May 11, 2019
Бертенс како вицешампионка на овој турнир се врати во финалето и овојпат застана на побендичката страна, откако лани загуби од Петра Квитова. Халеп пак, по четврти пат се појави во финалето во Мадрид, а по двете титули од 2016 и 2017 година, по вторпат остана без трофеј во шпанската престолнина.