Себастијан Халер, напаѓачот на Борусија Дортмунд, успешно ја мина операцијата за отстранување на туморот на тестисите. Неколку месеци ќе биде отсутен од терените, а дополнително ќе се дискутира околу начинот на којшто ќе се одвива лекувањето на новата ѕвезда на Милионерите.
„Халер дефинитивно неколку месеци ќе отсуствува од терените. Засега се бара најдобриот начин за да се продолжи неговото лекување. Ќе ја известиме јавноста штом добиеме нови информации“, изјави спортскиот директор на Дортмунд, Себастијан Кел.
Репрезентативецот на БСК на почетокот од јули го комплетира трансферот од Ајакс на „Сигнал Идуна парк“, вреден 31 милион евра, како замена за Ерлинг Халанд.