Халилхоџиќ избрка пет големи ѕвезди и одлично му оди на Африканскиот куп

Вахид Халилхоџиќ засега го исполнува планот со Мароко и е на прагот на втората фаза на Африканскиот Куп на Нации.

Вечерва со 2:0 Мароканците го победија Комори и со шест бода од два меча се лидери во Ц групата.

И првиот меч предводени од клупата од некогашната голема југословенска ѕвезда го добија против Гана, но со 1:0.

Амалах и Абуклал ја погодија мрежата на Комори вечерва, а Мароко можеше да победи и поубедливо, ако Ен Несири погодеше пенал во 83. минута.

Пред стартот на шампионатот што се игра во Камерун од 9 јануари до 6 февруари Мароканците имаа многу проблеми.

Халилхоџиќ одлучи на АФКОН да оди без Хаким Зијех од Челзи, Нусаир Мазрауи од Ајакс, Адел Тарабт од Бенфика, Амине Харит од Олимпик Марсеј и Јунес Белханда, кој игра во Турција за Адана Демирспор.

Засега добро му оди, а селекцијата што ја предводи очекува втор триумф на АФКОН по единствената титула освоена во 1976 година.

Во вториот меч што се играше вечерва од 17 часот Малави го победи Зимбабве со 2:1 во меч од Б групата.

 

- Оглас -

Најнови вести