Хамбургер ја „прокоцка“ предноста – Платенхарт како Жунињо, ја остави Херта во Бундеслигата (ВИДЕО)

Херта Берлин останува во Бундеслигата, откако успеа да оствари триумф од 2:0 на гостувањето против Хамбургер. Домаќините имаа супер резултат од 1:0 од првиот меч од доигрувањето, но на својата арена не успеаа да одиграат како што треба.

Херојот на тимот од Берлин е Марвин Платенхарт, кој што најпрвин во четврттата минута му асистираше на Дердик Бојата.

А самиот тој во 63-та минута, постигна навистина прекрасен гол од слободен удар и тоа од речиси невозможна ситуација.

Овој гол многу потсетува на легендарниот бразилски изведувач на слободни удари, Жунињо, кој што постигна сличен погодок против Барселона своевремено.

Со ова, Хамбургер и петта сезона по ред ќе игра во „цвајте“, откако тимот во сезоната 2017/18 за прв пат во историјата испадна во втората по ранк лига на Германија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести