Хамес Родригес и Лионел Меси со „десетките“ на грбот и како капитени ги предводеа Колумбија и Аргентина во финалето на Копа Америка минатото лето, а поуспешен од овој двобој излезе Аргентинецот.
Овие двајца беа ривали и во времето кога Хамес настапуваше за Реал, а Меси за Барселона, но сега постои можност за првпат да играат во иста екипа. Колумбиецот како најдобар фудбалер на Копа Америка се врати во Европа и потпиша за Рајо Ваљекано, но сега веќе преговара за раскин на договор, а како негова следна дестинација се најавува Интер Мајами.