Колумбиската фудбалска ѕвезда Хамес Родригес е нов играч на Минесота јунајтед, со што ја започнува својата авантура во американската професионална МЛС лига. Родригес пристигнува како слободен играч, откако во декември му истече договорот со мексиканскиот клуб Леон. Потпиша краткорочен договор кој ќе трае најмалку до Светското првенство.
Доаѓањето на Хамес Родригес претставува прво звучно засилување за новиот тренер Камерон Ноулс, а од поранешната ѕвезда на Реал Мадрид се очекува да внесе креативност и експлозивност на средината на теренот. Минесота минатата сезона заврши на четвртото место во Западната конференција, а настапот го заврши со пораз во полуфиналето.
„Ова е клуб кој најмногу напредува, клуб кој ме сака“, изјави Родригес објаснувајќи ја одлуката да потпише токму за Минесота, наместо за неколку други познати МЛС тимови.
Él está aquí.
— Minnesota United FC (@MNUFC) February 6, 2026
The club has signed Colombian international attacking midfielder James Rodríguez to a guaranteed contract through June 2026, with a club option through December 2026. pic.twitter.com/SLUjgLmDUh
„Кога луѓето те сакаат, мораш да дадеш сè од себе. Мораш да бидеш целосно фокусиран, да тренираш напорно и да бидеш подготвен да помогнеш.“
„Се наоѓам во уникатна и важна фаза од мојата кариера, ме чека Светско првенство и не смее да направам грешка. Морам сè да правам како што треба и многу сум фокусиран. Точно е дека ова беше една од главните причини зошто дојов овде. Светското првенство е причината за моето присуство. Сакам да бидам во најдобра форма и да победувам во Минесота. Сакам тие да ме запознаат, а и јас нив“, додаде тој.
Хамес Родригес доаѓа во МЛС лигата со богато искуство од Европа, играјќи за клубови како Реал Мадрид, Монако, Порто, Баерн Минхен и Евертон.

