Борбата за титулата во Формула 1 е разгорена до максимум, а може да добие дополнителен заплет ако бидат казнети двајцата кандидати за потенцијално нелегалните активности во текот на вчерашните квалификации.
Во болидот на Мерцедес можно е да имало нелегално задно крило кое се отворало повеќе од дозволеното, па Луис Хамилтон може да добие казна со стартување многу места поназад, а Макс Ферстапен го чепкаше болидот на Мерцедес што не е доволено, па и нему му се заканува казна. Вечерва се вози спринтот на кој се доделуваат поени и ќе се знае кој ќе стартува утре од пол-позиција.
Актуелниот првак Хамилтон кој заостанува 19 бода зад Холанѓанецот од Ред Бул, рече дека ако Ферстаен победи и в недела во Бразил, би завршила битката за титулата.
„Брзината на Ред Бул е неверојатна, тие цела сезона имаат подобар болид. Мислам дека мора да победам во Бразил. Без тоа, веројатно нема да имам шанса да се борам за титулата. Јас и мојот тим даваме максимум, но тоа не е доволно против нивниот болид“ – рече Хамилтон.