Хамилтон: Болидот на Ферари е поинаков од сите останати кои сум ги возел

Новата сезона во Формула 1 започнува ноќеска, кога ќе се запалат зелените светла за старт на првите тренинзи пред трката за Големата награда на Австралија во Мелбурн, која ќе се вози в недела.

Оваа сезона ќе биде посебна затоа што седумкратниот светски првак Луис Хамилтон ќе дебитира во тимот на Ферари. Британскиот возач кој има 40 години нагласува дека не чувствува никаков притисок поради големите очекувања во италијанскиот тим.

„Притисокот што го создаваат медиумите и јавноста воопшто не ме засега, не го чувствувам. Не морам никому ништо да докажувам, но ќе го дадам својот максимум за Ферари повторно да биде успешен, како што сакаат тимот и навивачите. Тие го заслужуваат тоа. Знам дека нема да биде лесно, но исто така многу добро знам што е потребно за да се биде успешен“, изјави седумкратниот светски шампион, а пренесуваат британските медиуми.

Низ историјата на Формула 1, возачите на Ферари собраа рекорден број титули на светски шампионати (15), но од последната освоена титула поминаа 18 години. Тоа се случи во 2007 година, кога на тронот беше Финецот Кими Раиконен.

„Имав неколку разочарувачки сезони и се надевам дека работите ќе се подобрат. Сè уште се навикнувам на новиот болид, кој се разликува од сè што сум возела во кариерата. Колку побрзо можам да возам на највисоко ниво, толку подобро, но ќе биде потребен одреден период за адаптација”, изјави Хамилтон.

Британецот возеше за Мерцедес во изминатите 12 сезони, тимот со кого освои шест светски шампионати. Тој има вкупно седум титули и е корекордер со легендарниот Михаел Шумахер. Хамилтон е рекордер по бројот на победи (105), освоени пол-поцизии (104) и искачувања на подиум (202). Сепак, во последните три сезони тој има само две победи. Во последните четири години во Формула 1 доминираат тимот на Ред Бул и Холанѓанецот Макс Ферстапен.

- Оглас -

Најнови вести