Хамилтон долго се врткаше околу Мерцедесот со кој Расел освои пол-позиција за спринт (Видео)

Болидите на Мерцедес беа најбрзи на утринските квалификации за спринт-трката која ќе се вози во Кина. На пол-позиција на спринтот ќе биде Џорџ Расел, а до него ќе стартува Кими Антонели.

Потоа следуваат Ландо Норис, Луис Хамилтон, Оскар Пјастри и Шарл Леклер. Спринт трката и квалификациите за главната трка се утре.

Камерите фатија еден интересен момент, како Хамилтон по квалификациите детално го разгледува болидот на Мерцедес, кој тој долги години го возеше и освои многу титули во Форммула 1 шампионатот.

- Оглас -

Најнови вести