20.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Хамилтон е на излезна врата од Ферари, веќе е познато и кој ќе го наследи?!

Луис Хамилтон пред почетокот на оваа сезона во Формула 1 шампионатот пристигна во Ферари со големи амбиции, но 40-годишниот возач сè уште нема ниту еден подиум. Резултатите се разочарувачки, а шпекулациите се погласни дека тој ќе си замине од Ферари.

Во Маринело веќе размислуваат за неговата замена, а коментаторот на „Скај спорт“, Џони Херберт, тврди дека веќе е познато и кој ќе го замени. Се работи за Карлос Сајнс, кој веќе беше дел од Ферари, а си замина во Вилијамс кога во Маринело пристигна токму Хамилтон.

- Оглас -

Најнови вести