Хамилтон е најбрз, но ќе нема шанса за пол-позицијата во Турција

Луис Хамилтон беше најбрз на слободниот тренинг денеска за Големата награда на Турција, но и тоа нема да биде доволно за да има шанса за пол-позицијата бидејќи по третпат сезонава го смени моторот на болидот.

Тоа е недозволено според правилата на ФИА и му следува казна од десет позиции, па ќе биде далеку од стартните позиции во недела, на трката што ќе почне во 14 часот.

https://twitter.com/F1/status/1446399095711670272?s=20

Хамилтон денеска беше побрз од Марк Ферстапен, а има два бода повеќе од него во возбудливата трка за шампионската круна.

Утре од 14 часот ќе се возат квалификациите за пол-позицијата, а во недела во истиот термин е и главната трка.

Моментно во Генералниот пласман Хамилтон е прв со 246,5 поени, два повеќе од Ферстапен, а трет е Валери Ботас со 151 поен.

 

- Оглас -

Најнови вести