Луис Хамилтон е победникот на драматичната трка за Големата награда на Саудиска Арабија.
Возачот на Мерцедес прв ја мина финишната линија по два рестарти и голема борба со Макс Ферстапен.
Возачот на Ред Бул иако доби казна од пет секунди и да го пропушти Хамилтон во два наврати, на крајот успеа да заврши како второпласиран.
Под број три заврши Валтери Ботас.
Сето тоа значи дека и двајцата возачи на последната трка во Абу Даби ќе влезат со еднаков број бодови (369.5).
Последната трка во оваа неверојатна сезона се вози за седум дена, по што ќе се знае кој ќе биде освојувачот на титулата.