Хамилтон е разочаран и бега што подалеку од Формула 1

Луис Хамилтон потполно исчезна откако во последниот круг од минатата сезона му побегна осмата, рекордна титула во Формула 1 шампионатот.

Британецот веќе неколку недели е надвор од очите на јавноста, а на својот Инстаграм профил ги има отследено сите, па дури и екипата на Мерцедес.

Откако Макс Верстапен ја освои титулата, Хамилтон се обрати кон својот тим со зборовите „Го дадовме максимумот за оваа, а ќе видиме што ќе биде во наредната сезона“.

Останува нејасно дали Британецот дали ќе го видиме повторно во Ф1 откако неговиот договор истече на крајот од оваа натпреварувачка година.

- Оглас -

Најнови вести