Хамилтон е во депресија, веќе не следи никого на „Инстаграм“, ги избриша сите, дури и Мерцедес!

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон, го засили својот молк по драматично загубената титула во Формула 1 и одлучи да ги избрише сите 700 спортисти и познати фаци од шоу-бизнисот кои досега ги следеше на „Инстаграм“.

Британецот, кој е седумкратен првак во Формула 1, десетина дена нема дадено изјава за медиумите, веќе не објавува ништо на социјалните мрежи, а луѓето кои тој ги следеше на „Инстаграм“ забележаа дека Хамилтон веќе го нема на листата на нивни следбеници.

Дури се шпекулира и дека тој размислува да ја заврши кариерата.

- Оглас -

Најнови вести