Луис Хамилтон отворено го критикуваше Формула 1 ривалот Макс Ферстапен и рече дека Холанѓанецот „не се однесувал како светски шампион во Ф1“ во своето однесување за време на Гран-При на Унгарија минатиот викенд.
Возачот на Ред Бул и актуелен првак, имаше судир на патеката со седумкратниот шампион Хамилтон, кога се обиде да го претекне, но задоцни со сопирањето, се судрија, па ќе се превртеше неговиот болид. Ферстапен преку тимското радио го критикуваше и својот тим за тактиката.
„Можеби таков лидер треба да запомни дека е тимски колега на многу луѓе. Мора да се однесува како светски шампион. Тој не се однесуваше така“, рече Хамилтон.
Ферстапен се бранеше за своите постапки.
„Кога работите не одат како што треба, мислам дека е сосема нормално да ја споделите вашата фрустрација. И тоа е она што го направив. Кога сте полни со адреналин и кога работите се случуваат во трката не се добри, се изразува фрустрација. Не беше оптимална тактиката за трката, но научивме од тоа и продолживме понатаму“, вели Макс, кој и викендов ќе има проблем да победи во Белгија, бидејќи веројатно ќе користи нов мотор, а тоа ќе значи старт од 11-тото место во најдобар случај и ќе треба да претекне многу болиди.