Хамилтон го освои Бахреин, но сите се прашуваа што се случи со Леклер

Луис Хамилтон победи во трката за Големата награда на Бахреин. Британецот запиша лесна победа иако на 11 круга пред крајот лидер беше возачот на Ферари, Шарлс Леклер. Леклер беше пред Хамилтон речиси 10 секунди, но во последните 10 круга болидот на Французинот почна да го изневерува, возеше сè поспоро, па така актуелниот светски првак без многу мака го престигна и до финишот ја задржа првата позиција.

Себастијан Фетел започна од втората позиција, но во средината од трката поранешниот шампион загуби контрола над болидот, грешка која го чинеше подиум. На крајот заврши на петтата позиција.

Покрај Хамилтон, Мерцедес оствари двојна победа бидејќи на три круга пред крајот и Ботас го престигна Леклер, додека вториот возач на Ферари заврши на третото место.  Во претпоследниот круг од патеката излетаа двата болиди на Рено, Рикијардо и Хулкеберг не ја поминаа финиш-линијата.

Следната трка ќе се вози во Шангај за Големата награда на Кина, трката е закажана на 14 април.

https://twitter.com/F1/status/1112397070147694596

- Оглас -

Најнови вести