Хамилтон и Ферстапен добија јасни инструкции што не смеат да направат на последната трка

Како никогаш досега е неизвесна трката за шампионската титула во Формула 1. Луис Хамилтон и Макс Ферстапен се израмнети со по 369,5 поени, а до крајот на првенството има само уште една трка.

На патеката во Абу Даби овој викенд ќе се решава прашањето за шампионската титула. Хамилтон е во атак на рекордната осма титула, додека Ферстапен се надева на првата титула светски првак.

Холандскиот возач е за малку во подобра позиција затоа што доколку двајцата возачи не ја завршат трката во Абу Даби или не својат поени, Ферстапен ќе биде шампион поради повеќето победи сезонава.

Фактот дека во последните неколку трки, двајцата претенденти за тронот имаа голем број на жестоки дуели, челниците на Ф1 ги предупредија сите воачи дека на последната трка во Абу Даби многу внимателно ќе се следи секој потег и доколку се констатира намерно удирање, возачот кој гопредизвика инцидентот ќе сноси санкции, со одземање на бодови.

„Секое кршење на принципите на натпреварувањето, секое неспортско однесување и обид да се влијае на исходот на трката со неспортски методи ќе биде казнет. На сите натпреварувања на ФИА, судиите може да ги изречат следните казни: Суспензија на една или повеќе трки или одземање на бодови за првенството“, е пораката на директорот на ФИА, Мајкл Маси.

 

- Оглас -

Најнови вести