Хамилтон и Серена Вилијамс дел од конзорциум кој сака да го купи Челзи

Седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, и славната тенисерка Серена Вилијамс ќе вложат десетици милиони фунти како помош за Мартин Бротон да го купи фудбалскиот клуб Челзи.

Хамилтон и Серена би имале дел од акциите на лондонските Сини ако Бротон го купи клубот од Роман Абрамович. Бротон е ексгазда на Ливерпул и некогашен прв човек на авиокомпанијата „Бритиш ервејс“.

Интересно е што Хамилтон се изјаснува дека уште од дете е навивач на Арсенал, сега во улога на бизнисмен сака формално да биде во управувачкиот тим на ривалот Челзи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести