Седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, може да ја продолжи соработката со италијанскиот тим без разлика на резултатите.
Според „Газета дело спорт“, Луис Хамилтон има специјална клаузула во својот договор со Ферари, која му овозможува еднострано да ја продолжи соработката до крајот на 2027 година, без оглед на постигнатите резултати на патеката.
Хамилтон пристигна во Маранело на почетокот на годинава по спектакуларното заминување од Мерцедес, потпишувајќи договор до крајот на 2026 година.
Сезоната засега е далеку од очекувањата, но поддршката во тимот останува несомнена.
Се наведува дека претседателот на Ферари, Џон Елкан, целосно стои зад Хамилтон и издал низа документи со јасно означени чекори и подобрувања потребни британскиот возач да ја врати формата.
Италијанскиот весник додава дека Ферари ќе го следи Хамилтон „како светилник во бура“, нагласувајќи дека неговото доаѓање било проект од огромно значење, и спортски и маркетиншки.
Хамилтон во првата половина на сезоната 2025 имаше големи потешкотии со прилагодувањето на болидот на Ферари и сè уште чека на своето прво место на подиумот во црвеното одело.
По 14 трки, зад себе има само една светла точка – победа во спринт трката и пол-позиција во Кина во својот втор настап за тимот.