Хамилтон имаше супер тактика, победи и во Барселона

Луис Хамилтон повторно беше најбрз на трка од Формула 1, а шампионот и неговиот табор од Мерцедес имаа одлилна тактика што се покажа победничка и во Барселона.

Големата награда на Шпанија почна со атак на Макс Ферстапен, кој успеа да приреди подвиг и на стартот да го мине Хамилтон, кој ја имаше пол-позицијата.

Холанѓанецот потоа долго беше лидер, на 23 круга до крајот имаше 23 секунди предност, но не издржа. На шест круга до крајот на трката, Хамилтон чесно го мина големиот ривал и успеа да победи по 98. пат во кариерата.

Шампионот имаше одличен викенд во Барселона, а успеа по јубилеен 100. пат да ја освои пол-позицијата.

Ферстапен мина како втор низ целта, пред клупскиот колега на Хамилтон, Валери Ботас, кој беше третопласиран во Барселона, на трката за Големата награда на Шпанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести