Луис Хамилтон имаше фантастично возење на спринт квалификациите каде во само 24 круга кои се возеа на патеката во Сао Пауло за Големата награда на Бразил. Британецот стартуваше како последен откако челниците на ФИА.
Актуелниот Ф1 првак беше казнет затоа што беше констатирано дека крилцата за ДРС на неговиот болид биле премногу широко отворени. Иако стартуваше од 20-тото место, Хамилтон успеа за 24 круга да помине дури 15 ривали и на крајот заврши на петото место во оваа спринт трка.
Хамилтон утре на трката сепак ќе стартува од 10-тото место затоа што уште претходно беше казнет со пет места поради тоа што реши да го промени моторот на болидот.
Клупскиот колега на Хамилтон, Валтери Ботас ќе биде на чело од трката, откако Финецот вечерва успеа да заврши пред Макс Ферстапен.