Хамилтон ја доби титулата Сер и стана четвртиот Ф1 возач со највисоки почести (ФОТО)

Британците знаат да ги вреднуваат своите најголеми и најуспешни личности и спортисти.

Луис Хамилтон од пред неколку часа ја доби титулата Сер и со тоа стана четвртиот Формула 1 возач со највисоки почести.

Во замокот во Винздор, Хамилтон на свечената церемонија ја доби оваа титула од принцот на Велс, Чарлс, кој е најстариот син на Кралицата Елизабета II.

Сер Луис Хамилтон беше придружуван од неговата мајка, Кармен Локхарт.

Претходно, од Формула еден светот со ваква титула се здобија Сер Џек Брабам, Сер Стирлинг Мос и Сер Џеки Стјујард.

Но, Хамилтон е првиот Ф1 возач којшто го добил ова признание додека активно настапува во ова натпреварување.

Британецот има седум титули во Ф1 и само пред неколку дена на драматичен начин остана без осмата „круна“ откако во последниот круг беше поминат од Макс Ферстапен.

- Оглас -

Најнови вести