Седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, кој од оваа година ќе се трка во болид на Ферари, даде интервју за „Тајм“ во кое си се пофали дека е уникат во светскиот спорт и не сака да го споредуваат со никого, затоа што е поразличен од сите други славни шампиони.
„Не сакам да ме споредуваат со никого. Јас сум првиот и единствен црн возач во историјата на овој спорт. Јас сум поинаков. Сум поминал низ сешто. Не можете да ме споредувате со друг 40-годишен или друг Формула 1 возач“, вели Хамилтон во интервјуто за култниот американски весник.
Го споредуваат со други легендарни имиња како Леброн Џејмс или Том Брејди, големи победници и на 40-тина години.
„Никој не е како мене. Сè уште сум гладен за победи, немам жена или деца. Се фокусирам само на една работа: победа. Тоа е мојот приоритет број еден“, вели Луис кој ако освои уште една титула, ќе го надмине Михаел Шумахер и ќе стане рекордер на Формула 1.