Клупските колеги Луис Хамилтон и Валтери Ботас од Мерцедес, ќе бидат во првиот ред на утрешната трка за големата награда на Абу Даби во Обединетите Арапски Емирати.
Најдобро време на официјалните квалификации имаше Хамилтон, кој беше за 162 илјадитинки побрз од Ботас, а од вториот ред ќе стартуваат Себастијан Фетел и Кими Раиконен од Ферари. Третиот ред на старниот редослед е резервиран за пилотите на Ред Бул.
За Хамилтон, ова е 11-та пол позиција сезонава, вкупно 83-та во кариерата, а тој возеше со болид со неговиот број 44, иако се најавуваше дека викендов ќе го користи бројот 1, во чест на титулата.
„Завршната сесија беше доста емотивна за мене бидејќи за последен пат се тркав во овој болид. Му благодарам на тимот, беше многу забавно“ – изјави Хамилтон.