Претстојниот викенд се вози трката за Големата награда на Бразил на легендарната патека „Интерлагос“.
Во една од најинтересните завршници во Ф1, Макс Ферстапен и Луис Хамилтон ќе бијат главна битка за првото место, кое ќе донесе значајни бодови во борбата за титулата.
Хамилтон во едно од интервјуата изјави дека редовно комуницира со Нејмар и дека на свој начин бара помош како да победи.
„Секојдневно сум во контакт со Нејмар и барам совети од него кои би ми помогнале за да победам на трката.
Знам дека има натпревар со репрезентацијата на Бразил и јас најискрено се надевам дека ќе успеам да дојдам и да го гледам натпреварот“, изјави Британецот.
Макс е на првото место во Генералниот пласман со 312,5 бодови, додека Хамилтон има 293,5 на четири трки до крајот.