Хамилтон ќе продолжи да вози во Формула 1 само ако го тргнат човекот кој му ја „зеде“ титулата

Луис Хамилтон потполно исчезна откако ја загуби титулата во последниот круг на последната трка во Абу Даби на патеката „Јас марина“ и сè уште не е познато дали тој ќе се врати да вози за Мерцедес.

Неговиот договор истече по крајот на минатата сезона, а барем засега нема никакви најави дека ќе биде продолжен бидејќи е неизвесно дали Британецот сака уште да вози во најелитното автомобилистичко натпреварување.

Според информациите од Мерцедес, Хамилтон би се вратил во Ф1 шампионатот само ако има големи промени, односно ако се разреши шефот на ФИА, Мајкл Маси, кој ја донесе одлуката да бидат тргнати болидите меѓу Хамилтон и Ферстапен, со што значително му ја олесни работата на Макс, кој дојде до првата титула во кариерата.

Останува да се види каква ќе биде реакцијата на челните луѓе на Светската автомобилистичка федерација и дали ќе го послушаат Хамилтон или пак ќе го остават Маси и понатаму да биде шеф.

- Оглас -

Најнови вести