34.8 C
Skopje
недела, 17 август 2025

Хамилтон на Нирбургринг се изедначи со иконата Шумахер

Луис Хамилтон триумфираше во трката за Големата награда на Германија која се одржа на патеката Нирбургринг, по што го изедначи рекордот на легендарниот Михаел Шумахер. Британецот стигна до 91-та победа во Формула 1 во својата кариера, и застана рамо до рамо со седумкратниот светски шампион

За Хамилтон ова беше седми овосезонски триумф, беше фаворит да слави иако трката ја почна од второто место. Ботас тргна од пол-позиција, но за него трката заврши по само 18 круга.

На второто место заврши Макс Верстапен од Ред бул, додека за подиум се избори Даниел Рикијардо од Рено. Фетел заврши на истото место од кое што ја почна трката, 11-то, додека Леклер претрпе пад за три места на седмата позиција.

- Оглас -

Најнови вести