Хамилтон нема да ја бојкотира трката во Белгија

Во САД настанаа немири по убиството на Џорџ Флојд, а по последниот инцидент во кој полицаец го рани Афроамериканецот Џејкоб Блејк, се бојкотираат натпреварите од НБА лигата, НХЛ лигата, фудбалската МЛС, како и тенискиот АТП Синсинати турнир.

Актуелниот светски првак Луис Хамилтон, е единствениот црномурен возач во Формула 1 и воедно беше најгласен од светот на Ф1 по убиството на Флојд во борбата за рамноправност. Пред секоја трка се клечи на едно колено, додека болидите на Мерцедес се сменети во црна боја наместо во сива како што беше досега случајот.

Сепак, Хамилтон нема намера да ја бојкотира трката за Големата награда на Белгија, бидејќи тоа би немало ефект споре него.

„Штета што се преземаат толку драстични мерки за да има реакција. Тоа се случува во САД и не знам дали би имало ефект јас да бојкотирам тука. Мило ми е што спортитстите во САД се обединети и се борат за рамноправност, но бојкот нема да реши ништо. Ќе се обидам на друг начин како да ја кренам свеста заедно со раководството на Формула 1“, истакна Хамилтон.

Хамилтон досега во шест трки оваа сезона издвои четири победи, во недела ќе атакува на петтата.

- Оглас -

Најнови вести