27.8 C
Skopje
недела, 3 август 2025

Хамилтон: „Нема полза од мене, треба да ме заменат“

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон не го сокри разочарувањето по разочарувачкиот настап во квалификациите за Големата награда на Унгарија. Додека неговиот тимски колега Шарл Леклер ја освои пол-позицијата, Хамилтон заврши дури на 12-тото место.

Уште додека беше на патеката, Хамилтон преку радиото соопшти фрустрирачки коментар: „секојпат“, а подоцна објасни што точно мислел.

„Секојпат кога ќе направам нешто, испаѓа како да сум вишок“ – изјави тој. „Нема потреба од мене, како да сум непотребен во целиот процес. Тимот функционира совршено – гледате, другиот болид е на врвот. Можеби време е да ме заменат.“

Луис не е првпат да покаже фрустрација, нешто слично се случи и по квалификациите во Спа, кога отпадна уште во првата сесија. Но тогаш, на трката во недела, се врати со моќна изведба и лесно стигна до бодовите.

Во меѓувреме, Леклер ја нарече пол-позицијата во Будимпешта „најнеочекувана во кариера“, откако успеа да ги изненади фаворитите од Мекларен.

- Оглас -

Најнови вести