Хамилтон нуди сигурица за Ф1: Британецот вели дека знае кој ќе победи на Монца

Борбата за титулата во Формула 1 шампионатот денеска ќе продолжи на патеката Имола, за Големата награда на Италија. На вчерашните спринт квалификации најбрзо време имаше Валтери Ботас со Мерцедес, но поради промена на погонската единица, Финецот ќе стартува последен.

На чело на колоната на стартот ќе биде Макс Верстапен од Ред Бул, а потоа следуваат Даниел Рикиардо и ландо Норис. Актуелниот првак Луис Хамилтон ќе биде на четвртата позиција на стартот. Токму Хамилтон вели дека е изненаден од брзината на болидот на Верстапен и очекува ова да биде лесна победа на возачот кој е и лидер во генералниот пласман.

„Видовте колку се брзи болидите на Ред Бул. Сега уште ја имаат и првата стартна позиција. Ова треба да биде лесна победа за Макс“, рече Хамилтон во пресрет на денешната трка.

До крајот на шампионатот во Ф1 има уште девет трки, а Верстапен моментно е лидер со само пет бода повеќе од Хамилтон.

 

- Оглас -

Најнови вести