Хамилтон: Ова е 1:0 за Макс и Ред Бул, но, утре ќе се игра второто полувреме

Викендов во Абу Даби се вози последната трка од оваа сезона.

На патеката „Јас Марина“,како никогаш досега во последниве декади, Макс Верстапен и Луис Хамилтон влегуваат израмнети пред утрешната трка.

Сепак, возачот на Ред Бул денеска демонстрираше подобри перформанси и сосема заслужено ќе стартува од првото место, а тоа го призна и Хамилтон.

„Имаа навистина одлични квалификации, тоа мора да се признае и затоа имаат водство од 1:0.

Но, ова беше само првото полувреме, а утрешната трка ќе го покаже конечниот резултат.

Нам ни останува да бидеме максимално фокусирани и да видиме каде можеме да се подобриме со цел да им парираме на Ред Бул и Макс Верстапен“ изјави Британецот.

Утрешната трка е со почеток од 14:00 часот по Средноевропско време.

 

- Оглас -

Најнови вести