Пред почетокот на сезонава еуфорично беше најавено доаѓањето на Луис Хамилтон во тимот на Ферари. Овој трансфер во светот на Ф1 предизвика многу еуфорија, посебно кај навивачите на легендарниот италијански тим.
Сепак, според досегашните резултати, Хамилтон воопшто не ги има исполнето очекувањата. По 13 трки во болидот на Ферари, Британецот уште се нема искачено на подиум.
На последните неколку трки Хамилтон покажа одреден напредок во квалификациите, но неговите карактеристично брилијантни неделни возења оваа сезона едноставно недостасуваа.
За разлика од него, Шарл Леклер успеа да стигне до пет подиуми со истиот автомобил, SF-25, покажувајќи со тоа дека Ферари иако не е доминантен, сепак има конкурентна машина.
Најдобриот пласман на Хамилтон откако ја облече црвената маичка во генералниот пласман беше четвртото место.
Доколку не успее да стигне до подиумот во следните шест трки, Хамилтон ќе стане рекордер за најмногу извозени трки без да се појави на подиумот, откако се приклучи на Ферари.
Тој моментално го дели третото место на оваа непопуларна листа со 13 трки без подиум. Пред него се легенди од минатите епохи, Дидие Пирони со 19 и Жил Вилнев со 14 трки до нивниот прв подиум во Ферари.
Во поновата историја на Формула 1, на Фелипе Маса и Карлос Саинц Џуниор им беа потребни пет трки за да стигнат до подиумот како возачи на популарниот тим од Италија.
За споредба, Леклер го направи тоа во својата втора трка за Ферари, во Бахреин во 2019 година. Себастијан Фетел, Кими Раиконен и Фернандо Алонсо веднаш ја почувствуваа магијата на подиумот на своето деби во црвениот болид.